print this page

The former Yugoslav Republic of Macedonia

Работна дефиниција на негирањето и искривоколчување на Холокаустот

На пленарниот состанок на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот - IHRA (International Holocaust Remembrance Alliance) одржан во Торонто на 10 октомври 2013 год., триесет и една земја членка на организацијата го усвоија документот „Работна дефиниција на негирањето и искривоколчувањето на Холокаустот“. Оваа дефиниција беше изработена од страна на експерти на Комитетот за антисемитизам и негирање на Холокаустот на IHRA,  во соработка со владините претставници во IHRA, со цел да се употребува како работна алатка за потребите на организацијата.

Како да се учи за Холокаустот во училиштата

Не постои единствен „правилен“ начин за учење на кој било предмет, ниту пак методологија која е соодветна за сите наставници и ученици. Она што се нуди во овој документ се  насоки и совети кои може да бидат корисни за наставниците во составувањето на нивните сопствени планови за работи, при што ќе ги земат предвид потребите во процесот на учење на секој поединечен ученик. Овие насоки се потпираат врз современите најдобри практики од поголем број институции кои поседуваат експертиза за настава за Холокаустот.

Што да се учи за Холокаустот?

Во општи црти, учењето за Холокаустот би требало:

  1. Да ги унапреди познавањата за ова уништување без преседан
  2. Да го одржи сеќавањето за оние кои настрадаа во него
  3. Да ги поттикне просветните работници и учениците да размислуваат за моралните и духовните прашања кои произлегуваат од настаните поврзани со Холокаустот и нивното значење во денешниот свет

Овие цели јасно се отсликани и во следните дефиниции за Холокаустот:

Зошто да се учи за Холокаустот?

Целта на учењето за секоја тема е да се предизвика интелектуална љубопитност кај учениците во насока на поттикнување критичко размислување и развој на нивната личност. Затоа, од суштинско значење е просветните работници да ги имаат предвид причините и образложенијата за секоја тема која е предмет на обработка.

Кога просветните работници ќе се зафатат со разгледување на причините за  предавањата во врска со Холокаустот, тие најверојатно ќе одберат содржини кои одговараат на интересот на нивните ученици и кои обезбедуваат подобро разбирање на сложената историјата.

IHRA Delegation in Skopje

From 8-10 March Ambassador Jan Deboutte took part in high-level political meetings and commemorative events in Skopje. Ambassador Deboutte, who was IHRA Chair in 2012, was accompanied by Solvej Berlau (Danish Delegation to IHRA) and Andrea Szonyi (Hungarian Delegation to IHRA), members of the IHRA Steering Committee on Holocaust Memorial Days.

Pages

Subscribe to The former Yugoslav Republic of Macedonia