Recommendations & Guidelines

Препознавање и справување со искривоколчувањето на холокаустот препораки за креаторите на политики и носителите на одлуки

СОДРЖИНА:

  1. Препознавање и следење на искривоколчувањето на холокаустот
  2. Програми за обука во врска со искривоколчувањето на холокаустот
  3. Зајакнување на музеите и меморијалните центри
  4. Стратегии во однос на социјалните мрежи
Download resource in Macedonian

Зошто треба да се спротивставуваме на искривоколчувањето на холокаустот?

Искривоколчувањето на холокаустот претставува суштинска закана за сеќавањето на холокаустот и овозможување свет во кој нема да има геноцид.

Упатувањата на холокаустот кои погрешно ја карактеризираат и ја искривоколчуваат неговата историја и релевантност, претставуваат навреда за сеќавањата и искуствата на жртвите и преживеаните. Искривоколчувањето на холокаустот го поткопува нашето разбирање за оваа историја и ги „храни“ теориите на заговор, опасните форми на национализам, негирањето на холокаустот и антисемитизмот.

Со ветувањето дека ќе ги поддржат принципите на Стокхолмската декларација, земјите членки на ИХРА беа во првите редови на развојот и поддржувањето на истражувањата, едукацијата и комеморативните активности на темата холокауст. Преку овие заложби, ОХРА сè повеќе им посветува внимание на начините со кои злоупотребата на холокаустот и неговото наследство ја поткопуваат историјата и му се закануваат на социјалниот, политичкиот и културниот соживот.

Во изминатава деценија искривоколчувањето на холокаустот сè повеќе се зајакнува. Тоа се манифестира на различни начини, кои имаат негативно влијание врз напорите за справување со омразата, и истовремено претставува закана за долгорочната стабилност на релевантноста на холокаустот како тема за заедничко сеќавање. Од тие причини, неопходно е земјите членки на ИХРА да ја подигнат свеста за искривоколчувањето на холокаустот и да изнајдат подобри можности и начини да се докаже тоа и соодветно да се реагира.

Креаторите на политики и владините службени лица во ИХРА заедницата се суштински партнери во ваквите настојувања. Разбирањето на искривоколчувањето на холокаустот во сите негови конкретни, небулозни и притаени форми може да биде основа за создавање политики и нивно зајакнување на повеќе фронтови – од културолошки и образовен, до правен. Сепак, одговорноста не е само кај владите и креаторите на политики. Постои голема потреба медиумите, социјалните мрежи, партнерите од граѓанското општество и службите задолжени за спроведување на законот на локално, национално и на меѓународно ниво да ја зголемат свеста и да го засилат одговорот на овој растечки проблем.

Овие насоки и препораки се одраз на мисијата на ИХРА за промовирање на образованието, сеќавањето и истражувањето за холокаустот. Во насока на исполнување на оваа мисија, земјите членки на ИХРА вложуваат напори на меѓународен план за борба против негирањето на холокаустот и антисемитизмот.

ИХРА ги презентира овие препораки како прв чекор во реагирањето на искривоколчувањето на холокаустот и во зајакнувањето на свеста за овој настан од историјата.

Related Content

The IHRA regularly translates its resources into other languages.

Sign up to our newsletter to 

receive the latest updates