Declarations

Министерска декларација на ихра од 2020 година

Одбележувајќи ја 75-годишнината од ослободувањето на германските нацистички концентрациони логори на смртта и други места каде што се извршувало прогонување и убивање, ние, високите владини претставници на земјите- членки на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот (ИХРА) им оддаваме почит на жртвите и преживеаните од Холокаустот (Шоа) од кој настрада еврејскиот народ. Исто така, им оддаваме почит на жртвите и преживеаните од геноцидот на Ромите и останатите кои беа прогонувани. Ветуваме дека никогаш нема да ги заборавиме оние кои се спротивставија на нацистите и сите оние кои ги заштитуваа и спасуваа нивните прогонувани сограѓани.

Денес, светот сè уште се соочува со геноцид, воени злосторства, етничко чистење и злосторства против човештвото, како и со постојани закани за плуралистичките, демократски и инклузивни општества.

Сведочејќи со тага за заминувањето на припадниците на генерацијата на преживеани, ние, земјите – членки на ИХРА:

  1. Ја потврдуваме нашата непоколеблива поддршка на Декларацијата од Меѓународниот форум во Стокхолм (2000 год.) – основачкиот документ на ИХРА.
  2. Се обврзуваме дека жртвите и преживените никогаш нема да бидат заборавени и дека споменот за нив ќе живее.
  3. Нагласуваме дека зачувувањето на споменот за шест милиони Евреи -жртви на Холокаустот е одговорност не само на владите, туку и на  општествата како целина.
  4. Се сеќаваме на геноцидот на Ромите. Со загриженост потврдуваме дека занемарувањето на овој геноцид придонесува кон предрасудите и дискриминацијата со кои многу ромски заедници се соочуваат и денес.
  5. Им одаваме почит на сите кои даваа отпор на нацистите, особено Праведниците меѓу народите и останатите кои ги заштитуваа или настојуваа да ги спасат оние кои беа во опасност. Нивната несебична храброст за сите нас треба да претставува инспирација во одбраната на достоинството на секое човечко суштество.
  6. Ја изразуваме нашата длабока загриженост поради антисемитизмот кој што е во пораст.
  7. Ја прифаќаме нашата одговорност како Влади да продолжиме заеднички да работиме против негирањето и искривоколчувањето на Холокаустот, антисемитизмот и сите форми на расизам и дискриминација кои ги поткопуваат основните демократски начела. Тесно ќе соработуваме со експертите, граѓанското општество и нашите меѓународни партнери во остварувањето на овие цели.
  8. Ги предводиме напорите за унапредување на образованието, сеќавањето и истражувањето на Холокаустот и геноцидот на Ромите, со цел да се спротивставиме на влијанието од искривоколчување на историјата, говорот на омразата и поттикнувањето на насилство и омраза.
  9. Ги заштитуваме историските записи за Холокаустот, геноцидот на Ромите и прогонувањето на останатите жртви на нацистичка Германија и оние фашистички и екстремни националистички партнери и други соработници кои учествувале во овие злосторства.
  10. Ја нагласуваме важноста да се идентификува, зачува и направи достапен архивскиот материјал, сведоштвата и автентичните места за потребите на образованието, сеќавањето и истражувањето.
  11. Ги охрабруваме сите држави и општества, преку отворено и точно толкување на историските записи, да се справат со нивното минато.
  12. Ги поздравуваме напорите кои што владите и граѓанското општество ги вложуваат за сеќавање на Холокаустот, како и за споделување на добри практики.
  13. Нагласуваме дека разбирањето на беспримерната природа на Холокаустот е од суштинска важност за превенција на геноцидот и масовните злосторства. Експертизата на ИХРА е релевантна за креирање на политики кои се потпираат на историски познавања и за справување со современите предизвици.
  14. Одлучни да го зачуваме споменот за сите оние кои страдаа и да се стремиме кон подобра иднина, ја повикуваме меѓународната заедница да ја сподели нашата визија за:

                                                               Свет кој се сеќава на Холокаустот

                                                                             Свет без геноцид

МЕЃУНАРОДНАТА АЛИЈАСА ЗА СЕЌАВАЊЕ НА ХОЛОКАУСТОТ ОБЕДИНУВА ВЛАДИ И ЕКСПЕРТИ СО ЦЕЛ ЗАЈАКНУВАЊЕ, УНАПРЕДУВАЊЕ И ПРОМОВИРАЊЕ НА ОБРАЗОВАНИЕТО, СЕЌАВАЊЕТО И ИСТРАЖУВАЊЕТО НА ХОЛОКАУСТОТ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ

Related Content

The IHRA regularly translates its resources into other languages.

Sign up to our newsletter to 

receive the latest updates