Правно-НЕОБВРЗУВАЧКА работна дефиниција За антициганизам/дискриминација НА ромите*
8 октомври 2020 г.
Признавајќи со загриженост дека занемарувањето на геноцидот врз Ромите придонело кон појава на предрасуди и дискриминација со коишто и денес се соочуваат многу ромски заедници** и прифаќајќи ја нашата одговорност да се спротивставиме на таквите форми на расизам и дискриминација (членови 4 и 7 од Министерската декларација на ИХРА од 2020 година, член 3 од Стокхолмската декларација), ИХРА ја донесува следнава работна дефиниција за антициганизам/дискриминација на Ромите:
Антициганизам/дискриминација на Ромите е манифестација на индивидуални искази и постапки, како и на институционални политики и практики на маргинализација, исклученост, физичко насилство, потценување на ромските култури и животни навики и говор на омраза против Ромите и други поединци и групи перцепирани како „цигани“, стигматизирани и прогонувани во периодот на нацизмот, но сѐ уште и денес. Ова доведува до тоа со Ромите да се постапува како со наводно непријателска група којашто се поврзува со бројни пејоративни стереотипи и искривоколчени слики, што претставува специфична форма на расизам.
За да се насочи работата на ИХРА на ова поле, прифатени се следните факти :
Антициганизам/дискриминација на Ромите постои со векови. Тоа беше суштински елемент на политиките на прогонување и уништување на Ромите спроведувани од нацистичка Германија и оние фашистички и екстремни националистички партнери и други соработници, кои учествувале во овие злосторства.
Антициганизмот/дискриминацијата на Ромите не започнува, ниту пак завршува со периодот на нацизмот, туку продолжува да биде клучен елемент на злосторствата извршени врз Ромите. И покрај значајните активности на Обединетите нации, Европската унија, Советот на Европа, Организацијата за безбедност и соработка во Европа и на други меѓународни организации, стереотипите и предрасудите против Ромите не се доволно одлучно делегитимизирани или дискредитирани, така да истите продолжуваат, без поголемо спротивставување, да опстојуваат и да се практикуваат.
Антициганизмот/дискриминацијата на Ромите е повеќеслоен феномен којшто е општествено и политички широко прифатен. Тоа преставува суштинска пречка за вклучувањето на Ромите пошироко во општеството, оневозможувајќи им да уживаат еднакви права, можности и да придонесуваат во социјално-економскиот живот.
За да се илустрира антициганизмот/ дискриминацијата на Ромите, може да се дадат многу примери. Имајќи го предвид вкупниот контекст, современите манифестации на антициганизам/дискриминација против Ромите вклучуваат, но не се ограничени на следново:
* Се препорачува да се користи еквивалентен израз на националните јазици, Во Канада и САД се користи терминот расизам против Ромите.
** Зборот „Роми“ се користи како општ термин, кој опфаќа различни сродни групи, без оглед на тоа дали се работи за номадски групи или не, како што се Ромите, Ромите-патувачи, Роми патувачи во Франција (Gens du voyage), Resandefolket/De resande (Роми-патувачи во Норвешка и Шведска), Синти, Каминанти (патувачки семејства во Италија), Мануши-Роми од Франција, Калеи-Роми во Финска, Романишелс-Роми-Синти во Франција, Бојаши/Рудари, Ашкали, Еѓупци, Јениши, Доми, Ломи и Абдал, кои може да се разликуваат според нивната култура и животни стилови. Ова претставува објаснувачка фуснота, а не дефиниција за Ромите.
The experts in the IHRA’s Committee on the Genocide of the Roma were tasked with developing a working definition on antigypsyism/anti-Roma discrimination in 2017, as part of the IHRA Strategy to safeguard the record and counter distortion of the Holocaust and genocide of the Roma.
Roma are Europe’s largest ethnic minority and have experienced persecution and discrimination in the region for centuries. The urgent need for a working definition became undeniable in 2020 when, shortly after the IHRA adopted its 2020 Ministerial Declaration, which reaffirmed the organization’s commitment to countering antigypsyism/anti-Roma discrimination, the COVID-19 pandemic hit. Across Europe, Roma were scapegoated and blamed for the virus’ spread, resulting in a rise in both anti-Roma hate and policy. A working definition based on the consensus of the IHRA’s Member Countries would provide the IHRA, governments, and civil society with a common understanding of the phenomenon, allowing for more productive discussions.
The text above is the result of the work within the IHRA’s Committee on the Genocide of the Roma, which consists of delegates from IHRA Member Countries across various disciplines. It was drafted during consultations and extra meetings of the Committee, and with representatives of Roma communities. All Working Group and Committee Chairs in 2019 and 2020 were also consulted, as were the Luxembourg and German IHRA Presidencies. The working definition was adopted by all IHRA Member Countries during an extraordinary Heads of Delegation meeting on 8 October 2020 under the German IHRA Presidency.
Since working definition’s adoption, the IHRA has used the tool to guide its work on the genocide of the Roma. For example, it enabled the creation of the IHRA Project drafting Recommendations for Teaching and Learning about the Persecution and Genocide of the Roma during the Nazi era, which began its work in 2022. It also formed the core of the IHRA’s response to discrimination against Roma refugees fleeing Ukraine.
Implementation of the working definition is ongoing and the IHRA commends those countries who have adopted the definition at the national level, including Austria, Croatia, Germany, Israel, North Macedonia, Slovakia, and the United Kingdom. Both in these countries and beyond, the working definition is being used by civil society organizations to, for example, counter antigypsysim/anti-Roma discrimination in sports associations, support youth activity, and develop training programs for professionals.
By signing up to the IHRA newsletter, you agree to our Privacy Policy